Лидс Јунајтед победи – Алиоски влезе од клупа и повторно стрелаше

Лидс Јунајтед вечерва играше меч против Хал Сити, на кој победи со 2:0.

Иако нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски не беше дел од првите 11, тој доби шанса од клупа во 69. минута и ја оправда дадената доверба.

Во 82. минута стрела за конечни 2:0 на неговиот Лидс Јунајтед.

Лидс и годинава е прв на табелата, барем по 21 одиграно коло, па доколку продолжат во вакво темпо, ќе имаат шанси за пласман во Премиерлигата.