Левандовски се веќе во Париз – се надеваат на наградата која ги одмина минатата година

Роберт Левандовски е несомнено еден од фаворитите годинава за освојување на Златната топка.

Оваа награда традиционално се доделува кон крајот на секоја календарска година, каде всушност го добиваме најдобриот за претходните 12 месеци.

Минатата сезона оваа манифестација беше откажана поради пандемијата, а таму навивачите сметаа дека повторно Роберт Левандовски требаше да ја добие, па можеби ова ќе биде неговата шанса.

Се верува дека Левандовски ќе биде во топ3 заедно со Лео Меси и Карим Бензема, но кој ќе ја добие оваа награда останува да видиме.