Левандовски потврди: Кои се двете ѕвезди што го наговарале да оди во Реал?

Можниот трансфер на Роберт Левандовски во Реал беше актуелен претходните две години, но не се реализира бидејќи Баерн не сакаше да го продаде.

Изгледа дека работите сега се оладени и не ни има можност Полјакот да замине во Мадрид. Сепак, тој повторно ја отвори оваа тема и за медиумите објави дека двајца фудбалери на Реал го наговарале да се пресели на Бернабе.

„Серхио Рамос и Кристијано Роналдо пред две години ми порачаа да одам во Реал. Можев да се преселам таму, но мислам дека донесов вистинска одлука да останам бидејќи веќе играв во голем клуб“, рече Левандовски.

Токму Реал се покажа кобен за Полјакот во обидот да ја освои Лигата на шампионите бидејќи два пати во претходните пет години Баерн беше елиминиран од овој клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Јоаким Лев повторно во елемент со своите потези, овојпат „настрада“ Сане

Икарди се пожалил: Одземањето на капитенската лента е бескорисно понижување

Мајката на Сала е неутешна: Бараме правда, како можеше такво нешто да се случи?

Погба и Реал Мадрид, опцијата е повторно отворена, Бејл би можел да биде клучниот човек

Зидан ја одреди трансфер метата, но веќе на стартот наиде на проблем

Барса им наплаќа 102 фунти на навивачите на Јунајтед за влезница, „Ѓаволите“ жестоко возвратија

Сонува да заигра за Реал, а тврди дека Барса е најдобра во светот

Зарем некој се сомневаше: Меси ја откачи Аргентина за Барса!

Помирување во Интер – Икарди се враќа во екипата