Левандовски не бил лут само поради поразот, туку бил лут на неговиот колега

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски, беше лут и изнервиран по поразот на Олд Трафорд од Манчестер Јунајтед.

Барселона беше поразени со 2:1, а тоа значеше всушност и елиминација за нив, а Левандовски беше лут не само поради тоа, туку и на соиграчот Ансу Фати, кој во финишот од средбата му одзема зрела шанса да изедначи на 2:2.

Фати буквално му симна една топка од глава на Левандовски, топка која ја упати Феран Торес, а по натпреварот како што тврдат шпанските медиуми, Левандовски во соблекувалната му оддржал лекција на Фати.