Левандовски дојде до 50 гола, најави дека си оди, па сезоната ја заврши во солзи

Роберт Левандовски, еден од најдобрите стрелци во историјата на германската лига, веројатно со денешниот натпревар, во кој за Баерн постигна гол за Волфсбург, се прости од Бундеслигата. Левандовски сезоната ја завршува како водечки стрелец, постигна 35 гола, а вкупно во сите натпреварувања дојде до 50 гола.

„Им благодарам на соиграчите и тренерот за целата сезона“, објави полскиот напаѓач на социјалните мрежи по мечот.

„Ова беше веројатно мојот последен меч за Баерн. Не можам се уште со сигурност да кажам, но веројатно е“, изјави полскиот напаѓач по натпреварот во кој ја доби наградата за најдобар стрелец во првенството. Ова е седми ваков трофеј за него во кариерата, со што го доситгна рекордот на Герд Милер. Притоа Полјакот пушти и некоја солза додека гледачите од трибините му пружија овации.

Во пресрет на овој меч спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ истакна дека Левандовски не ја прифатил понудата која Баерн му ја дал и дека сигурно ќе си оди од клубот. Со договор е врзан до јуни 2023, но можно е веќе ова лето да си оди.