„Летаат“ откази во Премиер лигата

497
Manchester United manager David Moyes (left) and West Ham United manager Sam Allardyce on the touchline

Само три дена по завршувањето на сезоната во Премиер лигата почнаа да „фрчат“ откази за менаџерите. Вест Хем се реши да го отпушти Дејвид Мојс, кој во ноември ланската година го замени Славен Билиќ. Поточно кажано клубот не му го продолжи договорот.

Вест Хем сезоната ја заврши на 13.место.

Отказ доби и менаџерот на Евертон Сем Алардајс. Но, кај Алардајс е раскинат договорот од страна на клубот и притоа на 63-годишниот менаџер на име на обештетување ќе му бидат исплатени околу седум милиони евра. Евертон заврши на 8.место.

Како можен наследник се споменува Марко Силва од Вотфорд, кој беше една од варјантите и во ноември, но тогаш не доби „зелено“светло“ од Вотфорд.