Летаат комплименти во Англија: Гвардиола е најдобар, Ливерпул е најсилен

На два дена пред најголемото дерби во Премиер лигата во моментов, исклучително чудна е атмосферата во редовите на единствените кандидати за шампионската титула.

Навикнати сме од минатото да слушаме провокации пред вакви важни дуели, шампион во тоа беше Жозе Мурињо. За разлика од него, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп делуваат како вистински џентлмени. Германецот вчера го нарече својот колега најдобар тренер во светот, а Шпанецот денеска одговори на сличен начин.

„Како тренер уште не сум сретнал толку сериозен ривал за титулата. Ливерпул во моментов е најдобар тим во светот, фудбалерите можат буквално се, а атмосферата на Енфилд е неверојатна“, изјави Гвардиола.

Дербито на сезоната се игра в недела од 17:30 часот, Ливерпул во него влегува со шест бода предност пред Манчестер Сити и без пораз веќе десет месеци.