Лео Меси е се уште незавршен сон за Интер!

Иако деновиве не се игра фудбал, сепак големите екипи сонуваат за големи трансфери следното лето.

Поврзано со тоа, поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати, истакна дека последните неколку години Интер сонува за доаѓањето на Лео Меси и дека тој сон се уште не е завршен.

Морати лично никогаш не загуби надеж дека еден ден ќе го видат Меси во Интер, поготово сега кога договорот му завршува во јуни 2021 година.

Знаејки ја храброста на Стивен Жанг, сигурен сум дека тој ќе размисли за тоа. Договорот на Меси со Барселона истекува 2021 година. Ќе биде одлично доколку тој пристигне во Интер. Серија А дополнително ќе заживее и Интер ќе биде уште помоќен“, смета Морати.

Интер шансата за Меси ја гледа во тоа што во последно време односите на релација Меси – Барселона и не се баш најрозеви. Се тргна од спортскиот директор Ерик Абидал, кој обвини некои играчи дека работат зад грбот на тренерот Ернесто Валверде, на кој му издејствуваа и отказ, а на таа изјава жестоко се спротивстави Лео Меси и тука почна расправијата со управата.