Леклер: Веќе станува навика да си одам дома разочаран!

По трката во Монте Карло, слегнуваат импресиите на публиката и се сумираат впечатоците.

Она што остана како дамка за Ферари на денешната трка е тоа што поради несоодветен повик од боксот, го внесоа Леклер, за потоа веднаш да му наредат да остане надвор, а тој веќе беше на пат кон боксот.

Токму таа одлука му ја уништи шансата на Леклер да биде прв во Монако, а свесен е и самиот возач дека му направија огромна штета.

Премногу грешки денеска, тоа не смееме да си ги дозволиме. Но разочарувачки можеби и не е соодветниот збор во моментот. Да се заврши на првата позиција, а да се стартува од пол-позиција е нешто за анализа, нешто не е многу во ред. Јас си го сакам мојот тим, не е на мене да судам, но урлав по радиото бидејки знаев дека тоа не е во ред. Веќе станува навика да си заминувам дома разочаран“, емотивно раскажа Леклер.