Шарл Леклер верува дека неговиот тимски колега е виновен за она што им се случи во Бразил пред неколку недели, кога двајцата сами се елиминираа од пласман на Интерлагос.
Како и Леклер, повеќето навивачи од неутралната маса, сметаат дека виновник за инцидентот е Себастијан Фетел, кој сепак влетал во траекторијата на движење на Моначанецот, по што се случи несаканиот инцидент.
Леклер е секогаш искрен и директен, па така беше и овој пат, верувајки дека неговиот глас ќе допре до Себастијан Фетел, а притоа не би се налутил.
„Мислам дека Себастијан не смееше да сврте малку на лево откако ме претекна и тој тоа добро го знае. Доколку тој не свртеше кон лево, веројатно ќе беше избегнато тоа што се случи, но како и да е, двајцата сме одговорни за таа ситауција“, порача Леклер.