Леклер откри со кој Ф1 возач имал ужасни односи во минатото

Шарл Леклер во минатото имаше посебни дуели со неговиот колега кој сега вози за Ред Бул, Макс Верстапен.

Во разговор за Скај Спорт, младиот Леклер открива какви биле нивните односи во пониските категории додека се пробиваа кон Формула 1.

Кога бевме деца, неможевме да се гледаме, но сега времињата се различни, сега сме позрели за разлика од тогаш. Зборуваме меѓусебно и остваривме голем напредок. Макс е добар дечко, но кога ќе ги ставиме кацигите, ривалството кое го имавме од времето кога возевме картинг, повторно се враќа“, порача Шарл Леклер.

Пример за тоа ривалство најдобро можеше да се види на ГН на Шакир, кога двајцата се откажаа на стартот од трката и имаа одреден контакт. Тогаш во обидот за претекнување, Леклер удри во возачот на Ред Бул, кој потоа во боксовите му дал негативен коментар на неговиот колега.