Леклер најбрз и во Барселона: Зад него ги остави Верстапен и Саинц

Ферари на уште една патека сезонава ја потврди одличната форма, на денешните квалификации, Шарл Леклер беше најбрз во Барселона пред конкуренцијата.

Леклер оствари време од 1,18,750, додека заостанувањето на Макс Верстапен беше 0,323, што беше доволно за втората позиција, односно во првиот стартен ред.

Ова беше 12-та пол-позиција за Леклер во кариерата, а утре ќе се бори за својата петта победа.

Леклер по трката изјави дека било доста тешко на почетокот од последната квалификациска рунда, односно дека направил една грешка поради која на крајот ќе останеше и без најбрзиот круг, но сепак, се созема и извоза летечки круг во последните секунди од квалификациите, нешто што беше доволно за прв место.

Меѓу првите 10 за утрешната трка се уште и Карлос Саинц на 3. позиција, па Џорџ Расел, Серхио Перез, Луис Хамилтон, Валтери Ботас , Кевин Магнусен, Рикиардо и Мик Шумахер.