Леклер е чист, но Ферари доби казна!

Сезоната во Формула 1 заврши вчера со трката во Абу Даби (Јаз Марина), на која славеше и ја потврди титулата на најдобар можен начин Луис Хамилтон.

Сезонава многу се очекуваше од Ферари, но малку беше испорачано до нивната навивачка база, а сигурно точка на задоволство е младиот Шарл Леклер, кој забележа неколку победи и најмногу пол-позиции сезонава, по што доби соодветна награда за тоа постигнување.

Леклер вчера заврши на третата позиција, но му се закануваше и казна поради наводно утврдено повеќе гориво во неговиот болид.

Откако ФИА спроведе истрага, одлучи Леклер да не биде казнет, а Ферари да добие парична казна од 50.000 е вра.

Италијаните ќе мора да ја платат оваа сума, поради одредени пропусти на болидот.

Претходно од Ферари најавија дека веќе со мислите се кон болидот за следната сезона, од кој очекуваат многу подобри перформанси, како на правците, така и во свиоците.