Леклер: Бевме силни, но тоа не беше доволно

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е разочаран што не може да слави по втор пат во кариерата на домашната трка на неговиот тим, Големата награда на Италија.

Леклерк го освои второто место на легендарната „Монца“, зад актуелниот шампион Макс Верстапен во болидот на Ред Бул и пред возачот на Мерцедес Џорџ Расел.

Пилотот од Монако водеше од самиот почеток, но влезе во боксот по десет круга кога периодот на виртуелно безбедносно возило беше нагласен на патеката додека Себастијан Фетел застана на патеката.

Водството потоа го презеде Верстапен, кој имаше тактика од еден бокс, а обидот на Леклер да го стигне Холанѓанецот во финишот со префрлување на меки гуми не вроди со плод.

Излегувањето на безбедносното возило поради застанувањето на Даниел Рикиардо пред последните пет круга го навестуваше нивниот потенцијален дуел, но трката заврши во тој режим.

„Крајот на трката беше фрустрирачки, посакувам да можевме да се тркаме. Голема штета, дадов се од себе, но го освоивме второто место. Би сакал да победев пред нашите „навивачи“, но едноставно не можев“, изјави Леклер, а потоа се наврати на одлуката да оди рано во боксот:

„Не знаевме што ќе направат во Ред Бул, па затоа ја донесовме таа одлука. Завршивме втори, па не сум задоволен од трката, но ќе работиме на тоа. Имавме многу силен ритам, бевме силни, но тоа не беше доволно“.