Куп награди за девојките на Вардар – но се е залудно, отиде титулата..

697

Фантастичните Амандин Лејно и Андреа Лекиќ се избрани меѓу трите најдобри ракометарки на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Но се е залудно, бидејки ова не е ни утеха, бидејки тагата е голема по историската шанса и Вардар да дојде до европска титула.

Андреа Лекиќ беше меѓу најдобрите стрелци на завршницата од Ф4 турнирот, додека Лејно беше прогласена како МВП играч на турнирот. До нив меѓу трите најдобри е веднаш ракометарката на Ѓер, Нике Гро, која вчера беше крунисана како најефикасна во финалето, со 8 голови.

Голот на Лекиќ на 20 секунди до крајот на регуларниот тек од натпреварот, онаа „вртелешката“ е прогласен за најубав гол овој викенд.