Ракометниот клуб Вардар го искористи денешното дерби против Пелистер за да им укаже помош на двајца играчи кои оставија длабока трага во историјата на „црвено-црните“.
Станува збор за довчерашниот голман Борко Ристовски и пикерот Стојанче Стоилов кои до минатата сезона беа во составот на Вардар. За Стоилов уште долго ќе се зборува бидејќи тој учествуваше во освојувањето на двете титули на клубот во Лигата на шампионите, во 2017 и 2019 година.
„Тажен сум бидејќи две вардарови ѕвезди веќе нема да играат во дресот на Вардар, но среќен што остануваат дел од клубот“, изјави Михајло Михајловски кој ја имаше честа да ги испрати двајцата ракометари во пензија.
И Ристовски и Стоилов и во моментов се дел од Вардар, првиот како извршен директор, а вториот како помошен тренер.