Легендата само што најави повлекување – дојде интересна понуда од Реал Мадрид

Роже Федерер ја завршува својата професионална кариера наскоро, на Лејвер Купот кој следува.

Пред неколку дена тој најави дека е доста за него и дека се повлекува, по што го поздравија сите негови колеги и други спортски работници.

Но пред заминување во пензија, Реал Мадрид за Швајцарецот има интересна понуда.

Шпанскиот клуб понуди да организира вистински проштален меч за легендата на тенисот и тоа на „Сантијаго Бернабе“, а на таа средба е поканет и Рафаел Надал.

Понудата е да одиграат меч заедно пред десетици илјади гледачи, што ќе биде вистински спектакл. Дали Федерер ќе го прифати ова, останува да видиме.