Легендарната Ф1 стаза заминува во историјата!?

Полека, но сигурно се подготвува теренот за календарот на Формула 1 во сезоната 2023 година. Споменатата сезона ќе има многу промени.

Некои патеки тропаат на вратата на шампионатот додека некои би можеле да станат минато.

Легендарната патека Спа во Белгија би можела да биде исфрлена од календарот.

Во сезоната 2023 ќе има 24 трки, од кои 16 се надвор од Европа, што е проблем на белгиското ГП.

Во календарот најверојатно е и ГП на Јужна Африка, а во тек се преговори за враќање на Кина, како и продолжување на договорот со ГП на Монако.

Она што е сигурно е дека од европските трки во 2023 година ќе остане Големата награда на Австрија, која е во сопственост на Ред Бул.

Дури и Јужна Африка, Мексико и Кина да немаат трка во 2023 година, Белгија ќе мора да ги одмери силите со Франција, каде што шансите се многу мали.