Легенда на Реал, а стигна да го жалат соиграчите

Иако има речиси 38 години, Лука Модриќ е уверен во своите квалитети и смета дека може да даде уште во Реал, но во моментов не е во прв план кај Карло Анчелоти.

Многу често е на клупа, нема ни половина одиграни минути во досегашниот дел од сезоната, а Реал има нови ѕвезди кои го држат на челната позиција на табелата. Меѓу нив и Феде Валверде кој вчера постигна против Сосиедад, а потоа ја искоментира ситуацијата со Модриќ.

„Модриќ? Чувствувам така кога ќе видам таков играч на клупата. Но, најважно е дека тој и останатите ги поддржуваат останатите кои играат, како сега, така и на другите натпревари“, изјави Валверде.

Модриќ ја игра 12. сезона во дресот на Реал Мадрид, досега освои пет титули во Лигата на шампионите и една Златна топка, прекинувајќи ја доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.