Легенда е, па му се може: Ибрахимовиќ предизвикал потера од полицијата

Златан Ибрахимовиќ бил главен актер во една т.н филмска потера.

Шведскиот ветеран како што известуваат медиумите во Италија, бегал од полиција, со неговиот нов брз автомобил.

Кога доаѓаш од моите краеви, прва работа која сакате да ја постигнете е да возите „кул“ автомобил. Затоа и купив порше со последните пари, дури и позајмував затоа што сакав да го возам“.

Тој објасни одблиску како се одвивала полициската потера по него.

Се возев околу, но имав во себе адреналин, па стиснав на гаста и одеднаш полициска патрола ми се придружи. Но мислите ли дека застанав веднаш кога ми сигнализираа? Нормално дека не. Возев брзо и упорно, се додека не наидов на тунел под автопатот. Тука чекав да ме одминат и продолжив после“, истакна Ибрахимовиќ.