Леброн за најголемата болка на „езерџиите“ пред неговото доаѓање: Знам како се чувствуваа

Леброн Џејмс го однесе ЛА Лејкерс во првото финале од западната конференција последните 10 години, и голем дел од заслугите му припаѓаат токму нему.

Последен пат „езерџиите“ во оваа фаза беа во 2010 година, кога маестрално ги предводеше сега починатиот Коби Брајант, апсолутна легенда на клубот и НБА лигата.

Во петтиот натпревар против Хјустон, Леброн запиша 29 поени и 11 украдени топки.

Разбирам како се чувствуваа фановите на Лејкерс пред моето доаѓање. Во минатата деценија клубот немаше практично плеј-оф натпревари и не се бореа за титулата. Јас ја превземав одговорноста да го исправам тоа. Само ја следиме целта, главната работа е тоа. Сите сме овде за една работа – за титула! Се храниме еден со друг овде со енергија и тоа е најважно за успех во нашиот клуб“, порача Леброн Џејмс.

Во финалето од западната конференција, Лејкерс ќе се соочи против градскиот ривал ЛА Клиперс или против Денвер Нагетс.