Леброн одговори на критиките од Ибрахимовиќ: Се обраќа на погрешна адреса

Златан Ибрахимовиќ е познат како човек кој нема влакна на јазикот и не се двоуми да го каже тоа што го мисли, а слична е ситуацијата и со Леброн Џејмс.

Ибрахимовиќ пред неколку дена му порача на Леброн дека не би требало да се занимава со политика.

„Тоа што Леброн го прави е неверојатно, но не сакам кога луѓе со одреден статус се мешаат и зборуваат за политика. Прави го она во што си добар. Јас играм фудбал бидејќи во тоа сум најдобар. Ако бев политичар тогаш ќе се занимавав со политика. Тоа е грешка која ја прават познатите луѓе бидејќи мислат дека можат да се мешаат во се“, изјави Ибра.

Најдобриот кошаркар на денешницата не чекаше многу и му возврати на Швеѓанецот со балканско потекло.

„Забавно е што тој ги кажува овие работи. Тоа е истиот лик кој ги правеше истите работи и велеше дека во Шведска не го ценат поради неговото презиме, тврдеше дека чувствува одреден расизам бидејќи неговото име е поинакво од локалните. Се обраќа на погрешна адреса. Мојата должност е социјалниот активизам, знам за што говорам бидејќи сум образуван“, изјави Леброн и додаде:

„Никогаш не молчам за лошите работи. Ги бранам луѓето, еднаквоста, се борам против социјална неправда, расизам, спречувањето луѓето да гласаат. Тоа се работи кои се случуваат во општеството, меѓу луѓето со кои израснав. Во моето училиште 300 деца се соочуваа со истите работи и потребно е некој тоа да го каже. Јас сум нивниот глас, платформа преку која ќе ги искажат своите ставови. Ние сме генерација која нема да молчи, ниту Махомес, ниту Џејлен Браун, ниту другите луѓе нема да ја спуштаат главата, говориме од срце, така е поглассно“, заклучи Џејмс.