Леброн Џејмс одигра уште еден врвен натпревар во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Со 37 поени го предводеше тимот до победата над Хјустон Рокетс (105:104), а покрај одличната кошарка што ја прикажа Џејмс, имаше и интересна сцена со соиграчот Кристијан Вуд.
Леброн симулираше пушење џоинт, попатно му го „подава“ на Кристијан Вуд, а оваа сцена предизвика големо внимание кај НБА фановите кои беа воодушевени од видеото.
Дали ова е нов начин на прославување на легендарниот кошаркар ќе знаеме во наредниот период, но секако е нешто ново од еден од најголемите играчи на сите времиња.
Did LeBron just pass the blunt to Christian Wood? 😂😂😂 pic.twitter.com/YOZ4Nc2y56
— NBACentral (@TheDunkCentral) November 20, 2023