Лазаров со порака од Нант, до луѓето во Македонија: За наше добро…

Ракометарот на Нант и капитен на македонската репрезентација, Кире Лазаров, упати порака до сите луѓе во Македонија превентивно да делуваат на пандемијата наречена Корона вирус.

Спортот насекаде во Европа е запрен на определен период, а Лазаров со видео порака се обиде да влијае на луѓето во Македонија, да се обидат да ги почитуваат мерките кои ги донесе владата на Македонија.

Поздрав од Нант, Франција. Како никогаш досега треба да сме обединети и сложни. Најтешко извојуваните победи секогаш се најслатки. Да бидеме свесни, дисциплинирани и одговорни према себе и сите граѓани во Македонија. Да ги почитуваме сите упатства дадени од државните институции и така би придонеле за побрзо решавање на новонастанатата ситуација со Корона вирусот“, порача во дел од видеото Кире Лазаров.