Лазаров со подмладената Македонија летна за Алжир

Машката ракометна репрезентација доцна синоќе одлета за Оран, Алжир каде што ќе земе учество на Медитеранските игри каде се наоѓа во група со Грција, Алжир, Шпанија и Турција

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров се реши за еден подмладен тим со ракометари кои играат во домашниот шампионат.

Помеѓу патниците за Алжир се најдоа (голмани) Марко Кизиќ, Васил Гогов (лево крило) Петар Атанасијевиќ (леви бекови) Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ (средни бекови) Игор Ѓоргиев, Иван Џонов, Марко Митев (десни бекови) Томислав Јагуриноски, Михаил Иваноски, Мартин Серафимов (десни крила) Ненад Костески, Александар Петковски (кружни напаѓачи) Костадин Петров, Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ

Машката репрезентација се наоѓа во група со Грција, Алжир, Шпанија и Турција