Лазаров отворено за најголемиот предизвик кој го има со селекцијата на Македонија

Најдобриот стрелец во историјата на ЛШ, Кире Лазаров, по многу параметри во ракометот е едно од најголемите имиња кои ги изнедрил овој спорт.

Во мај Кире Лазаров наполни 41 година, а и понатаму настапува на врвно ниво, кое е енигна дури за повеќето помлади ракометари.

Тој со Нант се избори за Ф4 годинава, негово седмо во кариерата, што повторно го прави најголем во оваа статистика.

Во своето последно интервју, Лазаров зборуваше за повеќе теми, за ЛШ, за Ф4, за репрезентацијата на Македонија.

Веќе извесен период, најубав ракомет за око во ЛШ игра Барселона. Против нив, треба да бидеме исклучително внимателно, како да се поставиме, индивидуално и колективно, бидејки не смееме да влеземе наивно во нивниот барабан, или машина“.

„Ќе се обидеме да одиграме квалитетно и да дадеме се од себе. Доколку бидеме во егал и издржиме до 45-та минута, мислам дека имаме шанса да ги добиеме“.

Лазаров прокоментира и за репрезентативниот предизвик со Македонија.

Нашата репрезентација во моментов е во фаза на транзиција, ја менуваме генерацијата. Ме чека доста работа, целта е да се направи нова генерација, со цел да може мојата земја да биде мирна во следните 10-15 години. Предизвик е секако да се обидеме да направиме квалитет за кој ќе се слушне во Европа и светот. Многумина веќе не отпишаа, зборуваа дека по мојата генерација нема да има ракомет во Македонија, па сакаме да им покажеме на сите дека не се во право“, порача Кире Лазаров.