Лазаров: Не мислам на годините, само на Македонија, Барса и Келн!

Кире Лазаров е апсолутен рекордер по многу статистички параметри во европскиот ракомет, а година ва на Ф4 во Келн ќе се обиде тие бројки и да ги надгради.

Тој стана ракометарот со седум настапи на завршните натпревари, односно на Ф4, што несомнено го прави еден од најголемите во овој спорт.

Во последното интервју за „Спортске новости“, селекторот и капитен на македонската репрезентација, зборуваше за настапот во Келн против силната Барселона.

Планот беше да престанам да играм. Мислевме дека пандемијата ќе запре и како одминуваше времето имаше доста проблеми. Јас играв добро, но во ист момент и клубот побара од мене да ја продолкжиме соработката. Јас размислив и подоцна прифатив“.

„Потоа се случи она што се случи со репрезентацијата на Македонија, во разговор со претседателот на Нант, прифатив да бидам и селектор на Македонија, бидејки тоа беше шанса плус која едноставно не се пропушта“.

„Доколку сега не бев дел од Ф4, веројатно ќе бев уморен од се, но вака и сега сум мотивиран. Клучно е да си психички подготвен и мотивиран. Ќе се обидеме со Нант да станеме европски шампиони и да се избориме за ново учество во ЛШ идната сезона, веруваме во „вајлд-карта“, порача Кире Лазаров.