Силкеборг заслужено славеше вечерва во Скопје, а по натпреварот, тренерот на Алкалоид, истакна дека е разочаран за начинот на која губеле во играта.
„Како што реков и пред натпреварот, Силкеборг е можеби најдобриот тим во Данска, по Алборг и тоа го докажаа денеска. Разочаран сум поради тоа што втор натпревар на домашен терен, а ние промашуваме пет пенали“.
„Голема благодарност до публиката која дојде да не бодри. Не знам што е проблемот со моите играчи, дали притисок од домашниот терен и публика, но ние сме млада екипа, мора да работиме уште во иднина и играчите мора да учат брзо од ваквите порази. Силкеборг е заслужен победник“, порача Кире Лазаров.
Следното коло Алкалоид ќе гостува токму во Данска, кај противникот од вечерва.