Лазаров го објави скратениот список на играчи за двомечот со Данска

Новоизбраниот селектор и се уште актуелен капитен во репрезентацијата, Кире Лазаров, денеска го објави списокот од 23 ракометари на кои ќе смета за следните подготовки за натпреварите против светскиот шампион Данска.

Ракометарите на почетокот од месец март ќе ги почнат подготовките за мечевите со Данска.

Првиот меч се игра во Скопје во „Борис Трајковски“ на 11-ти март, додека ревашот се игра три дена подоцна во Алборг.

Список на повикани ракометари:

Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Димитар Димитровски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Ненад Костески, Столе Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Михаил Аларов, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Емилијан Ѓорѓовски, Михајло Младеновиќ, Филип Талевски, Игор Георгиев.