Лацио во фантастичен натпревар, успеа да запише голема победа против актуелниот шампион во Серија А, Милан со 4:0.
Уште на самиот старт, Лацио беше тимот кој беше поконкретен на терен, па во 4. минута преку Милинковиќ Савиќ поведоа со 1:0.
Добрата игра и шансите продолжија, а на 2:0 зголеми Закагни, по што се замина на пауза.
До крајот на натпреварот, Лацио постигна уште два гола, преку Луис Алберто во 67. и Фелипе Андерсон во 75. минута за конечни 4:0.
Иако поседот беше скоро изедначен, а тука некаде беа и ударите кон голот, сепак Лацио запиша висока победа во ова дерби.
По овој кикс на Милан, сега Наполи е апсолутен лидер во првенството со 12 бодови предност.