Лани беше откритие на сезоната, Зидан не го „рецка“

Којзнае кој пат оваа сезона тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го изостави Винисиус Жуниор од составот во домашното првенство.

Младиот Бразилец повторно не се најде меѓу избраните и нема да настапи во дуелот со Сосиедад на Бернабе. Ваквиот однос на Зидан кон него е мошне чуден ако се знае дека Винисиус беше еден од најдобрите во тимот на Реал во текот на очајната мината сезона.

На последните осум натпревари во Ла Лига, Бразилецот одигра вкупно 195 минути, а не настапи ниту на дуелот против Галатасарај во Лигата на шампионите.