Лампард е свесен дека ситуацијата не му е идеална: Неколку имиња како негови наследници

Недоволно убедливите резултати на Челси, ја примораат управата и првиот човек на клубот, Роман Абрамович, да разгледуваат опција за смена на Френк Лампард.

Челси минатото лето беше една од екипите кои најмногу потрошија на трансфер пазарот, но резултатите не соодвествуваат со она што беше како нивна главна цел, да се освои Премиерлигата.

Лампард е свесен дека седи на жешкото столче и доколку наскоро не се подобрат резултатите, тој сигурно лето, а веќе се вртат и неколкуте имиња кои можат да го заменат.

Се верува дека Челси и Абрамович го меркаат слободниот Алегри, кој нема ангажман во моментов, а ништо помалку интересни не им се и Роџерс од Лестер, Нагелсман од Лајпциг и Томас Тухел кој до неодамна беше тренер на ПСЖ.