Лампард без двајца свои играчи во Манчестер против „ѓаволите“

Пред утрешната дерби пресметка на Челси против Јунајтед на „Олд Трафорд“, Френк Лампард потврди на денешната пресконференција две отсуства во својот тим.

Голманот Кепа Аризабалага кој беше дел од последниот меч против Саутемптон (3:3), заработил повреда на рамото, нема да биде дел од протоколот на Олд Трафорд, исто така од составот на Челси ќе отсуствува и Били Глимур, а во тимот е ставен „за секој случај“ и ветеранот Петр Чех.

Тијаго Силва и Пулишиќ се добри, единствено Кепа и Били Глимур нема да патуваат во Манчестер. Чех ќе дојде, но не како играч. Што се однесува до нашиот противник, Манчестер Јунајтед е добар тим, имавме доста проблеми со нив минатата сезона“.

Запрашан дали е во добри односи со голманот Кепа, Лампард одговори:

Имам добар однос со Кепа, со сите голмани имам отворена комуникација и тоа е најважно во една екипа“, порача Лампард.