Легендарниот капитен на Баер Минхен и репрезентацијата на Германија, Филип Лам, во авторска колумна за германските медиуми, истакна за изборот на нов селектор на Германија, за Јулиан Нагелсман.
Легендарниот бек пишува колумни за „Die Zeit“, а воопшто немаше проблем да каже што мисли за финансискиот аспект во кој Баерн и Нагелсман се договорија.
„Нагелсман доби задача да донесе рамнотежа во репрезентацијата, но истабилност, да воспостави хиерархија, континуитет, стил, со други зборови, да се даде ново лице на репрезентацијата“.
„Нагелсман беше природен кандидат за испразнетото место во селекцијата. Тој се уште е млад тренер, помина доста години во Хофенхајм, кои ги однесе од борба за опстанок до Европа. Но се уште нема докажано дека може да води врвна екипа, иако е талентиран фудбалер. Со Лајпциг добро му одеше, тоа му помогна и во преговорите со федерацијата, иако во Баерн не беше баш најдобар. Не можам да прифатам дека тој во репрезентацијата ќе заработува 400 000 евра месечно, тоа се премногу пари, преплатен е“, порача Филип Лам.