„Ладен туш“ на стартот: Аргентина и зеде мерка на нашите ракометни надежи

Македонската кадетска селекција доживеа непријатно изннадување уште на старот на Мундијалот кој се игра во нашата држава.

Иако избраниците на Данило Брестовац на полувреме водеа со +4 (13-9), на крај беа поразени од разиграните „гаучоси“ кои во финишот на мечот ги надиграа нашите надежи и славеа заслужено со 20-23.

Единствена светла точка во редовите на „црвено-жолтите“ беше десното крило Костески кој имаше максимален ефект од шест гола од исто толку обиди.

Следен противник на Македонија во рамки на Ц групата е Нигерија против која силите ќе ги одмериме за два дена со почеток од 20:30 часот.