Ла Паризиен носи добра вест за „Тифозите“ и фанови на Шумахер

Седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумкахер е свесен и добар по операцијата на која беше подложен во болница во Париз, тврди Ла Паризиен.

Ова е една од подобрите информации што се однесува до големиот шампион од Германија последните 6 години.

Според изворите на споменатиот медиум, Михаел Шумахер е свесен, а во болницата иако било организирано вработените да молчат за неговото здравје, сепак дел од нив откриле некои детали.

Шумахер во декември 2013 година претрпе тешки повреди на главаата при скијање во Франција, по што половина година беше во вештачка кома, а за неговата вистинска ситуација и здравје, малкумина знајеа.