ЛА Лејкерс го доби своето ново засилување

Досегашниот плејмејер на Оклахома Тандерс, Денис Шредер, официјално е трејдуван во редовите на новиот шампион во НБА првенството, во ЛА Лејкерс.

Германскиот кошаркар ќе им се придружи на Леброн Џејмс и дружијата, кои неодамна стигнаа до првиот трофеј во НБА по цели 10 години, а еуфоријата во ЛА се уште не стивнува.

Шредер во ЛА доаѓа со доста квалитетно НБА искуство, откако мина две солидни сезони со Оклахома.

Претходно пет години настпауваше за Атланта, во која како тинејџер премина од Германија.

Шредер во Лејкерс доаѓа како замена за Дени Грин, кој минатата сезона беше дел од шампионскиот тим на овој Лејкерс, предводен од Дејвис и Леброн.