„Ла Газета дело спорт“ носи ексклузива: Милан тргна по фудбалерот на Манчестер Јунајтед

Од Италија пристигнуваат информации според кои еден од поискусните фудбалери на Манчестер Јунајтед е пред напуштање на клубот, а негова следна дестинација би можело да биде Милано.

Имено реномираната „Ла газета дело спорт“ објави дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед Немања Матиќ може да ја продолжи кариерата во редовите на „росонерите“.

Како што се наведува калчочигашот Милан веќе отпочна преговара со Манчестер јунајтед за трансфер на овој 31-годишниот Србин.

Фудбалерот кој сезонава во Премиер лигата настапи на само шест меча би можело уште оваа зима да ја промени клупската средина. Освен Милан, интерес пројави и Атлетико Мадрид, но и клубови надвор од Европа.