Квича: Против Португалија размислуваме само на победа

Главната ѕвезда на Грузија на ова ЕП, Квича Кварацхелија го сподели своето видување на настапите на Грузија на овој шампионат.

„Мислам дека е погрешно да се зборува за минатите натпревари. Треба да мислите само на Португалија. Заслуживме повеќе на ЕП 2024, но таков е фудбалот. Натпреварот со Португалија е наш приоритет. Ќе биде тежок натпревар, многу сме мотивирани. Португалија веќе стигна до плеј-офот, а ние имаме двојна мотивација. Ќе направиме се. Многумина не веруваа дека ќе се пласираме на ЕП 2024, но еве сме тука. Сега размислуваме за победа, за пласман во плеј-офот. Сè е можно, дури и ако шансите се 1%“, рече голгетерот на Наполи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО