Квалификацискиот меч против Грција и официјално нема да се игра во Скопје

Ракометниот меч во квалификациите за Европското првенство во ракомет 2020 година, кој нашата репрезентација треба да го игра против Грција, нема да се игра сигурно во Скопје.

Иако претходно постоеа шпекулации, а не беше ништо сигурно, сега тоа е и официјално. Мечот против Грција ќе го играме во Стру мица.

Квалификацискиот натпревар ќе се игра на 16 јуни во салата „Парк“ во Струмица.

Со евентуална победа против Грција, ќе го потврдиме првото место во групата и пласманот меѓу најдобрите во Европа.

Добро се сеќаваме дека Грција изненадувачки не победи во Кожани, па сега е вистинско време за слатка одмазда.