Кузмановски: Сами сме виновни што загубивме, но има уште да се игра

Македонија и покажа заби на Словенија, нашите репрезентативци беа борбени и играа добар ракомет против големиот фаворит, но недостатокот на искуство влијаеше на тоа нашата репрезентација да загуби на отворањето на ЕП (27:25).

Кузмановски беше еден од лидерите на теренот, постигнувајќи четири погодоци, а по натпреварот истакна дека вината за поразот е кај самите играчи.

„Верував во триумф над Словенија, направивме неколку технички грешки, но се боревме и покрај тоа што го немавме Кире Лазаров на теренот. Мислам дека сами сме виновни што загубивме. Но, главата горе. Има уште многу да се игра, имаме уште два натпревари и треба да ги поправиме грешките и да одиграме похрабро. Денес нешто ни недостасуваше, треба да го анализирам натпреварот за да најдам објаснување. Но, не смееме да се разочаруваме, одиме на победа на следниот натпревар“, истакна Кузмановски.