Кутињо се „загуби“ во Барса, Јунајтед го примамува на „Олд Трафорд“!?

Се повеќе се пишува дека Барселона е разочарана од Филипе Кутињо и дека таа ситуација би можел да ја искористи Манчестер Јунајтед.

Бразилецот игра навистина слабо оваа сезона, особено е на удар по поразот од Леванте во Кралскиот Куп, па шпанските медиуми сметаат дека разделбата помеѓу играчот и Барса е возможна.

Во приказната се вклучија и „Црвените ѓаволи“, кои се заинтересирани за поранешниот фудбалер на Ливерпул, а според „Мундо Депортиво“, Јунајтед воспоставил контакт со агентот на Кутињо.

Шпанскиот весник тврди дека Манчестер е сериозен во намерата да го ангажира бразилскиот репрезентативец, кој не се истакна претерано на „Камп Ноу“, откако пред 12 месеци Ливерпул го замени со Каталонија.

Амбициите на Јунајтед пораснаа откако новиот тренер Оле Гунар Солскјер ја препороди екипата, Норвежанецот оствари триумф во секој меч на клупата на „Ѓаволите“, а ги водеше на пет натпревари, па управата е подготвена веќе во јануари да му приреди барем едно изненадување.

Ова јасно би бил огромен удар за сите навивачи на Ливерпул, со оглед на тоа дека Бразилецот остави голема трага на „Енфилд“ и нема сомнежи дека тешко би го поднеле неговиот трансфер во редовите на лутиот ривал во Премиер лигата.

„Манчестер Ивнинг Њуз“ лукаво напоменува дека за Кутињо трансферот на „Олд Трафорд“ ќе значи шанса конечно да освои некој трофеј во англискиот фудбал, со оглед на тоа дека такво нешто не му успеа за пет години во Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Пукна петарда на Вембли, Роналдо не успеа да ја скрши Украина

(ВИДЕО) Беда и очај: Венецуела ги гази Меси и компанија

ВИДЕО: Франција ја растура Молдавија – Погба и Гризман продуцираа фантастичен гол!

Следува жестока казна – УЕФА започна постапка против Нејмар

Куртоа: Јас сум еден од најдобрите голмани на светот, но шпанските новинари сакаат да ме убијат

Де Геа е одлучен да го „ограби“ Јунајтед, дали е реално да бара толкав договор?

Реал подготви 65 милиони за нов бразилски вундеркид!?

(ФОТО) Тага во Мадрид, започна рушењето на „Висенте Калдерон“

„Марка“ и „Л’Екип“ тврдат дека Варан си заминува, а сега се јави и самиот играч