Куман се пожали по поразот од Гетафе: Тој играч ми покажа непочитување и ме навредуваше

Тренерот на Барселона беше исклучително незадоволен и разочаран од однесувањето на Алан Ниом.

Барселона вчера беше поразена кај Гетафе со 1:0, а холандскиот стручњак тврди дека бил навредуван од страна на еден од домашните фудбалери.

„Му реков на тренерот на Гетафе Хозе Бордалс дека неговиот број 12 ми покажа непочитување, во два-три наврати ми кажа така грозни работи што тоа нема да го повторам. Ме навреди“, изјави Куман и додаде:

„Му реков на Бордалс дека мора да разговара со својот играч бидејќи не можеме да толерираме такво однесување во модерниот фудбал“.

Гетафе за прв пат од ноември 2011 година славеше во првенството против Барселона. Оттогаш двата тима се соочија уште 16 пати, но до вчера Гетафе не знаеше за победа над Барселона.