Куман е горд на играчите: Барса и понатаму живее!

Роналд Куман не го криеше задоволството по мечот и победата над Севиља од 2:0. Тој го пофали пристапот и амбицијата на екипата.

Барселона сега има 53 освоени бода, два помалку од Атлетико Мадрид, но „Јорганџиите“ имаат и два натпревари помалку. Секако дека на Каталонците ќе им биде полесно да играат во продолжението од сезоната по четирите победи и едно реми на последните пет меча во Ла Лига.

Повеќе пати Куман го истакнал пресингот како важен фактор.

„Се обидовме да го притиснеме ривалот, игравме со три централни бека и два фул бека со цел да вршиме пресинг високо на нивната половина. Тоа беше клучот. Игравме во ризичен систем, меѓутоа, играчите фантастично се покажаа. Горд сум на нив. Остваривме важна победа и покажавме дека и понатаму сме живи“, изјави Куман.

Продолжи Холанѓанецот да ја анализира ситуацијата. Ја гледа шансата Барселона да ја нападне титулата, особено ако вака продолжи да игра.

„Комплетен натпревар против најсилен противник. Игравме одлично без топка. Направивме измени, тимот продолжи да игра. Веруваме во враќање. Со ваква амбиција, ако играме вака комплетни натпревари, постојат шанси“, вели Куман.

Куман додаде дека тоа што Антоан Гризман остана на клупата за резерви не беше ниту казна ниту испраќање на некоја порака, туку само потреба на натпреварот.