Куертен предвидува големо остварување на Ѓоковиќ пред неговото повлекување

Трикратниот Грен слем шампион, Густаво Куертен, смета дека Новак Ѓоковиќ може до крајот на кариерата да го достигне остварувањето на Федерер по освоени Грен слем трофеи.

Српскиот тенисер неодамна го освои Вимблдон, вкупно 4. негова титула на тој престижен турнир, но Куертен верува дека Ѓоковиќ иако е далеку од Федерер, може да го достигне Швајцарецот.

Со освојувањето на 13. Грен слем титула, колку толку Ѓоковиќ ги одржува во живот надежите дека тоа може да го оствари до крајот на кариерата, да го достигне најголемиот.

Новак се враќа во најдобра форма. Со 13 Грен слем титули, тој е многу блиску до Надал, па доколку напредува и игра на високо ниво, во следните 6 години, последни од неговата кариера, веројатно има шанси да го достигне Федерер“, тврди Бразилецот.

Инаку, за 6 години Ѓоковиќ ќе има 37 години, колку и Федерер во денешно време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селеш: Ѓоковиќ дури сега тргнува по создавање историја!

СКАНДАЛОЗНО: Веќе не се сокрива дека се мести за Федерер – оваа изјава е доказ за тоа

(ФОТО) Досега невидена фотографија од Ѓоковиќ како дете – Ноле комплетно ги изненади фановите

Надал: Зошто немав план Б против Ѓоковиќ во Мелбурн

(ФОТО) Руската тенисерка се соблече потполно гола

Бекер открива како го форсирал Ѓоковиќ да го победува Надал

Новак, па зарем Владимир Путин е човек кој може да биде одбиен?

Тони Надал сакаше да ја каже вистината, но сепак му фати и сеир на Рафа Надал!

Податокот кој Ѓоковиќ треба да го оствари доколку сака да го мине Федерер во водство на АТП