Кубанецот Табоада: Еурофарм Пелистер е добар проект за мене – ми се допаѓа екипата

Едно од неколкуте нови засилување на Еуродарм Пелистер за новата сезона е и интернационалецот од Куба, Реиние Табоада

„Еурофарм Пелистер е клуб кој напредува постојано. Беше второпласиран во домашниот шампионат минатата сезона. Ова е добра шанса за мене да се дефинирам како ракометар и да му помогнам да екипата да се искачи на првото место и да освојува титули.

Сакам да играм „еден на еден“, ја користам мојата физичка сила. Но, интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина.

Гледав некои европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дереби натпреварите против Вардар 1961 во домашната Суперлига. Ми оставија добар впечаток и ова е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата“, вели Табоада.