Крвта не е вода: Младиот Бергкамп во Арсенал

Синот на легендарниот фудбалер Денис Бергкамп, Мичел, пристигнал на проба во тимот на Арсенал, каде неговиот татко настапуваше во минатото.

Мичел Бергкамп има 22 години и од својата 11-та е во холандскиот клуб Алмер.

Таму ги минал сите младински категории и играше за резервниот тим, но се уште нема запишано ниту еден професионален настап во кариерата.

Младиот Бергкамп игра на позицијата играч за врска во офанзива, аможеби да игра и на местото најистурен играч во тимот.

Моментално е на проба во Арсенал и како што пренесуваат холандските медиуми, можно е да добие договор со младинскиот тим до 23 години.

Неговиот татко Денис настапуваше за Арсенал во периодот од 1995 до 2006 година и се смета за еден од најдобрите во историјата на „топчиите“.