Крушево викендов домаќин на авто-трки по 10 години

Како дел од манифестацијата „10 дена Крушевска република“ денеска и утре во Крушево по пауза од 10 години ќе се возат авто-трки. Натпреварот ќе се одржи на патеката долга 7,2 километри и ќе се вози од Острилци до Мечкин Камен како дел од државниот шампионат.

За денеска се закажани техничкиот преглед и верификација, а потоа околу пладне се предвидени и двата тренинзи.  Утре во 10 часот е свеченото отворање, а стартот на првата трка е во 11:30 часот, додека од 13 часот е втората трка.

Овие ридски трки следуваат по двете кои веќе се одржаа на Водно и Пониква, а пријавени се 29 возачи во шест класи.

Поради овие ридски-брзински трки регионалниот пат денеска и утре од 11 часот ќе биде затворен за сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакерите на дело: Излезе во јавноста порно снимка од Луис Хамилтон и Никол Шерцингер

(ВИДЕО) Моќен изглед: Ферари го претстави болидот за новата сезона!

„Протекоа“ големи вести за Шумахер: Со приватен хеликоптер пренесен во вилата на Мајорка

Хорнер му даде јасно предупредување на Фетел за новиот колега Леклер

(ФОТО) Во пресрет на новата сезона – Формула 1 го доби еден од најубавите болиди во историјата на спортот

Мик Шумахер сподели интересна анегдота со неговиот татко – разговор кој се уште го памети

Ферари му испрати интересна порака на Хамилтон за новата сезона

Нова заблуда или реално очекување – Фетел тврди дека Ферари сега ги има „состојките“ да го добие Мерцедес

Победите на Дакар 2019 заминаа кај Ал-Атијах, Прајс и Николаев