Криза во преговорите меѓу Мартинез и Интер – Арсенал ја чека својата шанса

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез, моментално е во преговори со италијанскиот шампион Интер за продолжување на соработката.

Интер посакува да го задржи Мартинез, како и Лукаку и да ја осигура офанзивата и во следните неколку сезони.

Но според Скај Спорт Италија, преговорите влегле во одредена криза, откако Мартинез го променил агентот и се почнало од ново.

Во клубот од Милано нема да прават проблем доколку добијат висока понуда за продажба на Мартинез, бидејки како и со Хакими, клубот мора да заработи одредена сума на пари за да може добро да функционира.

Како потенцијална замена за Аргентинецот се наведува фудбалерот на Лацио, Жоаким Кореа, со кој новиот тренер на Интер веќе соработуваше во Рим.