Криштопанс за ветувањето од Самсоненко кое треба да биде исполнето!

По заминувањето на Даинис Криштопанс, Вардар почувствува сериозен дефицит на неговата позиција и тоа беше евидентно.

На нешто повеќе на половина од сезоната, поради нерасчистени долгови, Криштопанс мораше да замине и да си најде ново пребежиште, за тоа да биде Фуксе Берлин.

Но корпулентниот играч таму ќе се задржи кратко, бидејки има од претходно договорен трансфер во Пари Сен Жермен кај Раул Гонзалес.

Во интервју за рускиот „Брз центар“, Криштопанс се наврати на болната тема за повеќето ракометари и навивачи на Вардар, финансиската ситуација.

„Од Вардар ми останаа должни, добивме ветување од Сергеј Самсоненко дека ќе бидеме исплатени до крајот на годината, се надевам дека тоа ќе се оствари“, порача Криштопанс.

Поради нерасчистени долгови имаше опасност да заминат уште неколкумина искусни ракометари од составот на Вардар, но за среќа, Дибиров и Чупиќ останаа, па Вардар и следната сезона ќе има прилично солидна екипа.